Оваа диета е одлична за есенскиот период со оглед на тоа во ова време тиква има во изобилство.
Трае две недели и во тој период можете да ослабете шест до дури осум килограми.
Со оваа диета не само што ќе се ослободите од вишокот килограми, туку ќе го исчистите и подмладите телото.
Тиквата содржи протеини, маснотии, јаглени хидрати, пектин и минерали (калиум, калциум, железо, цинк), витамини од групата Б, Ц, Е, ПП, А и важните витамини К и Т, кои тешко се наоѓаат во останатите видови на зеленчук.
Во диетата е вклучена и ужина, која се состои од незасладено овошје, чај или кафе без шеќер, минерална вода.
Прв ден
Појадок: тиква со моркови и сок од лимон, каша од тиква со додаток на житарки (просо или овес).
Ручек: супа од зеленчук со тиква (пиперка, морков, кромид, мала количина на компир, зелен лиснат зеленчук и растително масло).
Вечера: печена тиква
Втор ден
Појадок: салата од тиква, каша.
Ручек: пасирана тиква, супа од зеленчук
Вечера: овошје по избор
Трет ден
Појадок: каша од тиква, салата од зеленчук
Ручек: супа од зеленчук (без компир)
Вечера: 2 парчиња тост и салата од тиква со ананас
Четврти ден
Појадок: каша од тиква, салата од зеленчук
Ручек: супа од зеленчук и динстана слатка пиперка
Вечера: тиква, зеленчук и печурки
Петти ден:
Повторете го менито од почеток