Калифорниската вошка е најбрзата копнена животинка на светот, покажале најновите истражувања.
По една научна студија, таа вошка за една секунда може да помине површина која е за 322 пати подолга од својата должина која изнесува три милиметри.
Тоа значи дека вошката постигнува брзина од 2.100 километри на час.
„Ако се земе предвид брзината и големината на животното, тогаш таа вошка е најбрзото животно на планетата“, наведуваат зоолозите.
Калифорниските вошки ги има во сите подрачја, а може да се забележат и на жежок асфалт под 60 степени Целзиусови.