Арчи Норбери, познат како DJ Archie, има само четири години и е прогласен за најмлад диџеј на планетата.
Страста кон клупската музика ја наследил од својот татко диџеј, а за да се впише во Гинисовата книга на рекорди, Арчи
морал да настапува без ничија помош половина час пред публика од најмалку 20 лица.
Претходно, оваа титула ја имаше диџејот Арч Јуниор (DJ Arch Junior) кој го урна рекордот во Јоханесбург во 2017 година, на пет години и 38 дена старост.
Најмалиот диџеј е роден во Дубаи и од неодамна живее во Хонг Конг со семејството.