Компанија за накит од Израел, во моментов работи на најскапата заштитн маска во светот.
Ќе биде изработена од бело злато и дијаманти, а ќе се продаде по цена од 1.5 милиони долари.
Маската со бело злато ќе биде украсена со 3.600 бели и црни дијаманти но и со ефикасни N99 филтри на барање.
Наводно, маската е нарачана од страна на кинсеки државјанин кој живеел и работел во САД.
По се изгледа дека оваа маска нема да е практична, со оглед на фактот дека тежи 270 грама, односно е скоро 100 пати потешка од типичната заштитна маска.