Група момци од Тајланд спровеле акција за спасување на мали кутриња кои биле заглавени во канализациски одвод.
Тоа што доброто дело го прави уште поголемо и значајно е фактот што канализацијата била полна со измет, па така најхрабриот морал да „нурка“ во оваа валканица со многу непријатен мирис.
Еден од момците се согласил и ползел дури 100 метри низ одводот на канализацијата за да дојде до напуштените и заглавени кутриња.
Спасил четири преплашени кученца.
На снимката, која е објавена на YouTube може да се види и како младите момци се радуваат на својот потвиг.