Во 50-тите години била пронајдена збирка од таблици во рушевините на месноста Угарита, древен град на северот на денешна Сирија, меѓутоа само една од таблиците била доволно сочувана за да биде дешифрирана.
Позната како Х6 глинената табла стара 3.500 години открива едноставна химна, а со дешифрирање на нејзините ноти е добиена мелодија која е најстара во светот.
Химната „Харијан“ е посветена на божицата на овошјето Никал.
Тоа е заклучено врз основа на текстот кој се наоѓа на горната половина од таблата, а која ја величи токму оваа божица.