Кара Делавињ ги потврди гласините дека ќе настапи на овогодинешното шоу на “Victoria’s Secret” заедно се Кендал Џенер и Џиџи Хадид, откако на својот профил на Инстаграм ја објави личната покана од извршниот продуцент на шоуто Ед Разек да учествува.
Но, кога Ангелите слетаа на аеродромот во Париз, Кара не беше меѓу нив, а и не настапи на ревијата.
Причината е одморот на Кара заедно со своите пријатели на Малдивите.
Младата супермоделка покажа дека со својата актерска кариера се чуствува толку успешна и славна, што не ѝ е предизвик да се бори за место на пистата на “Victoria’s Secret”.