Ова е причината зошто Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од разводот

Анџелина Џоли и Бред Пит се откажаа од разводот кој го покренаа пред неколку месеци.

И додека сите мислат дека на повидов е смирување за двојката, сепак разводот е откажан поради економски причини.

Бившиот пар сфатил дека моментално разводот ќе им донесе финансиски проблеми и дека е прескапо законски да го раскинат бракот.

„Станува збор за финансии. Имаат многу имот, а постојат и делови кои не се регулирани со предбрачниот договор“, вели еден од пријателите на парот.

Тој објаснува дека Бред сака да го задржи имотот во Франција и винаријата, додека Анџелина сака парите и мотот да ги даде во хуманитарни цели.