Фотографијата го добила името „Џенифер во рајот“, а сликана е во 1987 година на Бора Бора.
Користена е за да се демонстрираат способностите на Фотошоп, а тоа му овозможи да стане најпопуларен софтвер за обработка на фотографии во светот.
Кога Џон Кнол ја сликал својата девојка на плажа, за време на одморот во Бора Бора во 1987 година, никој не очекувал дека оваа фотографија толку ќе го „задрма“ светот.
Именот, сликата која ја гледате е првата која е користена во Фотошоп.
Братот на Џон, Томас во тоа време работел на создавање на програма од која подоцна настанал Фотошоп.
Фотографијата е наречена „Џенифер во рајот“ (Jennifer in Paradise) и беше совршен кандидат за првиот тест на овој софтвер.
Џон и Томас често ги користеле сликите на Џенифер, некогашната девојка на Џон, а сега сопруга, за да ги демонстрираат способностите на програмот.
Овие демонстрации, како и самата фотографија, му помогнаа на Фотошоп да стане најпопуларен софтвер за обработка на фотографии во светот.
Погленете го видеото: