Јелена Карлеуша синоќа објави видео од својот прв настап, кога имала само 16-години.
Ѕвездата тогаш го пеела својот прв хит „Огледалце“.
„Ова е мојот прв настап во живо… на 16 години… Таа вечер добив награда за откритие на годината“, стои под снимката.
Инаку, во тоа време Карлеуша зборувала дека Цеца е нејзин идол, иако години подоцна тие станаа лути ривалки, а нивната „војна“ трае до ден денес.