Не се вели за џабе дека „парите на пари одат“, а најдобар доказ за тоа е американската џет-сетерка Парис Хилтон.
Таа за четири ноќи на Ибица заработува неверојатни 2 милиони евра и тоа само за да стои и да глуми дека е диџејка.
Како што наведуваат британските медиуми, богатата наследничка која веќе неколку години „работи“ како диџејка , за еден час добива по 250.000 евра.
Иако сите се убедени дека таа во најмал случај ги врти плочите, а многу повеќе позира зад диџеј пултот, Парис го освои сонот на многу млади луѓе а тоа е да не работи ништо а да заработува неверојатни суми.