Многумина сакаат да раскажуваат вицеви за да ги расположат пријателите, но како да знаете кој виц е најдобар?
Научиниците од Универзитетот од Оксфорд направија листа на вицеви кои дефинитивно ќе ги насмеат сите околу вас.
Ова се најсмешните 10 вицеви во светот:
ПОЛЖАВ СО СТАВ
Додека момчето си седело дома, некој тропнал на врата.Ја отвора вратата и гледа полжав. Го зема полжавот и го фрла колку што може подалеку.
По три години некој повторно тропнал на вратата.
Ја отвора и повторно го гледа истиот полжав, а полжавот на сето ова рекол – Кого бе ти ќе фрлаш, а?
ДУХ И ИДИОТ
Три момчиња се нашле на пуст остров и веднаш здогледале магична ламба во која имало дух, кој рекол дека ќе им исполни по една желба.
Првото момче сакало да си оди од островот и да се врати дома. Второто го сакало истото, а третото рекло: „Осамен сум. Сакам моите пријатели да се вратат назад“.
ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ ТРАЕ ЗАСЕКОГАШ
На Светско првенство некој маж барал слободно место веднаш до теренот за да може се убаво да види.
Кога седнал, забележал дека седиштето до него е празно. Се наведнал и го прашал момчето кое седело од другата страна дали некој седел таму, на што тоа му рекло дека таму никој не седи.
Мажот не можел да верува дека седиштето е празно и прокоментирал дека не може да верува дека е светско првенство и дека таму никој не седи.
Тогаш момчето на тоа рекло: „Па тоа место е всушност мое. Требаше да дојдам со сопругата, но таа почина. Ова е прво Светско првенство од кога се венчавме, а да не сме заедно“.
„Ох, многу ми е жал што го слушам тоа. Но зар не можевте да најдете некој друг, роднина, пријател, комшија кој би седел таму“, прашал мажот, на што комшијата му рекол: „Не.Сите се на погреб“.
ДОЦНЕЊЕ НА РАБОТА
Еден маж закаснал на работа, а кога шефот го здогледал веднаш почнал да вика на него зошто касни.
„Требаше да си тука во 8 и 30“, на што работникот му рекол: „Зошто? Што се случи во 8 и 30?“.
РАЈ НА ЗЕМЈАТА
Сид и Ирв се бизнис партнери. Направиле договор кој и да умре прв дека ќе го контактира живиот кога ќе оди на оној свет. Ирв умрел прв. Сид не добил одговор од неговиот пријател година дена, така што помислил дека задгробен живот не постои. Но, одеднаш Сид примил позив.Тоа е Ирв.
„Значи постои задгробен живот. Како изгледа?“, прашал Сид.
„Па спијам до касно. Станувам, имам обилен ручек. Потоа имам секс. Па се враќам на спиење, но се будам кога е време за ручек, па имам голем ручек. Па малку секс, па малку спиење. Следи обилна вечера, по што имам, многу, ама многу секс. Потоа, одам на спиење и се будам утредента“, рекол Ирв.
„О Боже мој. Значи така е на небото?“, рекол Сид. „О не, јас не сум на небото. Јас сум мечка во Јелоустоун паркот“, рекол Ирв.
ЃАВОЛ
Еден човек умрел и отишол во пеколот. Ѓаволот го запознал, му покажал врата од три соби и му рекол да избере една каде ќе ја помине вечноста.
Во првата луѓето биле закопани во земја до вратот, на што човекот рекол: не сакам, дај да ја видам следната.
Во втората соба луѓето биле закопани во земја до носот. Повторно не му се допаднало и побарал да ја види третата соба.
Ѓаволот му ја отвора вратата каде луѓето стојат во земја до колена, пијат кафе и јадат колачи. Кога човекот го видел тоа му рекол дека ќе оди во третата соба.
Ѓаволот ја исполнил неговата желба и кога тргнал да си оди довикнал: „Добро е, готова е паузата за ручек. Сите назад“.
ДЕТЕ И ФРИЗЕР
Едно дете влегло во фризерски салон, фризерот му рекол дека тој е најглупавото дете и дека тоа ќе му го докаже.
Ја ставил сметката од еден долар во едната рака, а во другата става лист и му вели на детето да избере. Детето ја избрало раката во која е листот.
Подоцна го прашал детето зошто го избрал листот, тоа рекло: „Ако го земам доларот, играта е завршена“.
ЕДЕН ВО МИЛИОН
Во Кина има околу билион луѓе. Тоа значи дека вашиот тип е еден во милион, но и дека постојат над илјада други кои изгледаат исто како него.
ТРКА СО МЕЧКА
Двајца кампери шетале во шума, кога одеднаш пред нив се појавила огромна мечка.
Првиот кампер го фрлил ранецот, ги земал патиките и ги ставил на нозе, а другиот му вели: „Што правиш? Патиките нема да ти помогнат да избегаш“, а тој рекол: „Не ги облеков патиките за да избегам од мечката, туку тебе“.