Најпопуларната апликација ги објави 10-те најлајкувани фотографии за оваа година, и осум од десет ѝ припаѓаат на пејачката Селена Гомез.
Младата пејачка дефинитивно е победник кога се работи за социјалните медиуми, а е и убав пример за тоа дека една жена не мора да се соблече потполно гола за да добие внимание.
Рекламата на Селена за Кока Кола е најлајкуваната фотка за 2016 година, со речиси 6 милиони лајкови, а преостанатите две места на листата успеа да ги добие фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо.