Постојат луѓе кои цела вирусна сезона не „закачуваат“ ниту настинка. Нивните совети зошто не се разболуваат може да ви бидат многу корисни. Ова е нивната тајна.
Масажа
Масажата може да го намали чувството на анксиозност, а тоа ќе предизвика помало ниво на стрес. Доволно е еднаш месечно да одите на масажа.
Пијте витамин Ц и цинк
За превенција од настинка и грип корисно е да конзумирате намирници богати со витамин Ц или да пиете цинк.
Значи за да не настинете пијте витамин Ц, а кога ќе настинете пијте цинк.
Туширајте се со ладна вода
Луѓето кои не се разболуваат велат дека ладниот туш им помага кога чувствуваат дека имаат малку енергија и силна главоболка.
Во зимскиот период со ладна вода туширајте се една минута.
Јадете лук
Лукот е богат антиоксиданс кој го потикнува имунитетот и се бори со воспаление.
Размислувајте позитивно
Во едно истражување докажано е дека доколку често сте позитивни, тогаш шансите за да заболите од настинка или грип се многу мали.
Мијте ги рацете
Миењето раце е првата активност која се превзема во борбата со болестите. Рацете со сапун треба да ги миете најмалку 20 секунди.