Пред неколку години, готвачот Гевин Кокс беше главна тема во светските медиуми бидејќи ги откри триковите на Дејвид Коперфилд.
Гевин во Лас Вегас бил избран да учествува во една точка на Коперфилд во која настрадал. Поради тоа тој го тужел, а илузионистот тврдел дека не е одговорен за повредата.
Судот во 2018 година пресуди дека славниот магионичар Дејвид Коперфилд не бил внимателен, но не е виновен за повредата на британскиот турист Гевин Кокс а во периодот на судењето се откриени се најголемите тајни на триковите на Коперфилд.
Луѓе кои исчезнуваат од кафез
Гевин Кокс учествувал во оваа точка. Од публиката биле избрани 12 луѓе, меѓу кои бил и тој. Биле ставени во кафез на сцената, а потоа со помош на „магија“ се појавиле во задниот дел на салата.
Значи, Коперфилд прво фрла топки кои светат во публиката. Оние кои ќе ги фатат, излегуваат на сцената и влегуваат во кафез со батериски ламби. Преку кафезот се спушта завеса, а батериските ламби продолжуваат да светат зад неа.
Одеднаш наводно сите ламби паѓаат, а луѓето исчезнуваат од кафезот. Зад сцената доброволците трчаат низ таен и мрачен премин (во кој Кокс паднал и се повредил), излегуваат надвор и влегуваат во салата на главниот влез, зад грбот на публиката, со батериските ламби во раце.
Премин низ Кинески ѕид
Никој не верува дека Коперфилд навистина поминува низ ѕид, но овој трик се уште е една голема мистерија.
Во моментот кога илузионистот ќе се најде зад платното, се случува пресврт. Сенката која ја гледаме не е негова туку на асистент кој е сокриен одзади.
Тој влегува во светлината во моментот кога Коперфилд влегува во кутијата.
Асистентот се преправа дека се обидува да помине низ ѕидот и исчезнува во него. Всушност, само се поместува во дел од кутијата кој не е осветлен.
Се работи за светлосен ефект. Потоа се сокрива во платформата.
Во меѓувреме Коепрфилд отвора тајна врата во подот, се симнува на подвижни скали кои се поместуваат од другата страна на ѕидот и повторно излегува од дупката.