Ова се триковите кои ќе ви се најдат на плажа со деца

Доколку се подготвувате за вашиот летен одмор тогаш овие трикови задолжително треба да ги знаете.

Истите сигурно ќе ви се најдат доколку изгорите од сонце, вашите деца сакаат да јадат на плажа или имате проблем со песокот.

Продолжете да читате:

Коцки алое вера

Замрзнете алое вера во сад за мраз. Коцките алое вера ставете ги на изгореното место, а како мразот ќе се топи така инстантно ќе се ослободите од болката.

Појадок за децата

Едноставен појадок за на плажа. Во пластични садови ставете житарки, а во садот за вода ставете млеко.

Пред одење на плажа дозволете им на децата да си стават онолку млеко колку што сакаат.

Пелена за чување вредни работи

Доколку сакате да се бањате со вашето дете, а нема кој да внимава на работите на плажа, тогаш во чиста пелена ставете ги вредните работи и завиткајте ја.

Ќе изгледа како нечиста пелена и верувајте никој нема да сака да ја украде.

Бебешка пудра VS песок

На нозете на вашето дете сигурно и по миењето ќе остане песок кој неможете да го отстраните.

Следен пат наместо со вода, тоа направете го со бебешка пудра.

Сладолед и корпички за колачи

За вашето дете да не се направи лом од сладоледот, на крајот ставете корпичка за колачи која ќе го задржи растопениот дел.

Корпички за колачи и чаша

Корпичките за колачи користете ги и како заштита од инсекти.

Погледнете како!

Пластични чаши со магнет

На пластичната чаша залепете магнет и истата ставете ја на фрижидерот.

Па доколку вашето дете сака да се напие вода, нема да има проблем со земање чаша.

Замрзнати балони

Наполнете го фрижидерчето со замрзнати балони за да спречите растопување.

Играчки во машина за садови

Песокот од играчките исчистете го во машина за садови без никаков проблем.

Картон за јајца

Во картон од јајца ставете овошје кое лесно се гмечи, на пример сливи.

Јаболков оцет против комарци

Јаболковиот оцет ја смирува иритацијата од убод од комарец.

Јадење во калап за мафини

Калап за мафини може да е идеална за јадење на плажа. Ставете му го оброкот на детето во едниот дел и немате проблем.

Чаршав на плажа

Чаршавот за душек поставен од обратната страна може да ве спаси од песокот на плажа. Одлично решение!