Празничната еуфорија најмногу ги зафаќа најмладите.
Седумгодишниот Еван поставил мала камера во дневната соба за да може да го сними Дедо Мраз.
Следното утро, после отварањето на подароците, тој со семејството ја гледал снимката. Сакал да види дали навистина Дедо Мраз го посетил.
Видеото почнува со постариот брат на Еван, кој ја поставува камерата во празната дневна соба. Другата камера го снимала малиот Еван како го гледа видеото и го фати моментот на разочарување кога после многу часа на снимката не го видел тоа што го сакал.
Семејството почнало да го убедува дека Дедо Мраз сака сите да спијат додека тој ги носи подароците. Но, тогаш Еван ги слушнал ѕвончињата. И тогаш од магичен дим се појавил човек во црвено!
Еван уживал гледајќи го човекот како јаде колачиња и го пие млекото подготвено за него.
Потоа, Дедо Мраз плеснал со дланките и под елката се појавиле завиткани подароци. Кога ја видел камерата, го свил лицето, пукнал со прстите и екранот станал црн.
Наградата за „родители на годината“ дефинитивно ја заслужуваат овие родители!Браво!