“Бизнис лига” – елитното аматерско натпреварување помеѓу компаниите во мал фудбал веќе неколку години се одржува во нашата држава.
И оваа година натпреварите веќе се во тек, но она што беше неочекувано е тоа што за време на интервју по одржаниот натпревар помеѓу два тима, некој од спортистите ненамерно го удри водителот со топка по главата. Новинарот беше затечен и од ударот со топката доби вртоглавица.