Честопати, на диета помислуваме неколку дена пред да заминеме на одмор.
Со оваа диета, имате можност да намалите околу 5 килограми за 5 дена.
На секој му текнува 5 дена пред одмор на тие 5 вишок килограми. Ова е диета со која можете да ослабнете 4-5 килограми
Ден 1:
Појадок: кафе без шеќер, 100 г нискомаслено сирење, тост од пченкарен леб
Ручек: салата – домати и краставици, 200 г варени или печени компири без масти
Вечера: 200 г варен ориз со зеленчук, чаша млеко
Ден 2:
Појадок: кафе без шеќер, 2 јаболки
Ручек: пилешки стек, гарнир – морков, чаша млеко
Вечера: салата – домати и краставици, 3 варени јајца
Ден 3:
Појадок: кафе без шеќер, 1 банана, канче кисело млеко
Ручек: салата – зелена, 2 тоста пченкарен леб 7-8 маслинки
Вечера:салата – моркови, 200 г печено сирење
Ден 4:
Појадок: кафе без шеќер, чаша млеко
Ручек: зеленчук, по избор. Може да се додаде и малку путер.
Вечера: печена риба, гарнир – по желба
Ден 5:
Појадок: кафе без шеќер, 2 варени јајца
Ручек: пилешки стек, гарнир – 100 г варен ориз
Вечера: варен или печен компир, 100 гр урда