Оваа холивудска актерка е причината за разводот на Џенифер Анистон и Џастин Теро

Џенифер Анистон и Џастин Теро минатата недела објавија дека се разведуваат по две и пол години брак.

Само неколку дена подоцна како бомба одекна информацијата дека за разводот е виновна Наоми Вотс.

Актерката и Џастин се познаваат добро, а нивната соработка започнала пред 17 години на снимањето на филмот Mullholland drive.

На големо се зборува дека капката што ја прелеала чашата, барем за Анистон, била сликата на која Џастин ја прегрнал Наоми Вотс, а истата била направена минатата година на забава во Њујорк.

Русокосата актерка со години живее во Њујорк, каде што Џастин често престојува во последните неколку месеци.