Оваа жена тврди дека е ќерка на Мерлин Монро

Иако се поминати повеќе од 50 години од смртта на актерката Мерилин Монро, обожавателите ја користат секоја прилика да дознаат нешто повеќе за тајните од нејзиниот живот.

Едно од омилените озборувања е дека таа родила ќерка по врската со Џон Кенеди и дека ја криела од јавноста.

Извесна Гледис Бејкер Морис цел живот тврдела дека е роднина на актерката, но пред смртта во 2014-та таа на својата ќерка и признала дека всушност е плод на забранетата врска меѓу Мерилин и Џон Кенеди.

мерлин монро - ќерка

Гледис тврдела исто така дека ако се открие нејзиното постоење, можела да биде убиена од американските тајни служби.

Поради ова, нејзината ќерка нарачала ДНК-тестирање, за да се открие дали всушност Мерилин родила дете на Кенеди или пак сето тоа е само плод на нечија фантазија.

мерлин монро и кенеди