Фолк дивата пред македонската публика го промовираше шеснаесеттиот по ред и веќе доволно познат албум, со наслов „Автограм“.
Вчеравечер, Светлана Цеца Ражнатовиќ во рамките на нејзината турнеја одржа концерт во струмичко Турново.
Иако песните се релативно нови публиката веќе добра е запознаена со дел од нив како: „Невиност“ „Метар одавде“ „Трепни“ „Дидуле“ и многу други.
Пејачката направи одлична забава за памтење.
Како предгрупа на концертот на фолк дивата настапи групата „Браво Бенд“. Тие на социјалните мрежи објавија фотографија како се подготвувале за настанот, но и се пошегуваа дека чекале Цеца да им донесе кафе.