Со овие обетки Бијонсе го откри полот на близнаците

Фановите вчера „полудеа“ по секси изгледот на бремената Бијонсе, која за роденденска забава облече мини црн фустан и чизми над колена.

Целиот стајлинг беше надополнет со беспрекорна шминка и фризура, но и обетки со кои беше откриен полот на нејзините деца.

35-годишната Бијонсе истите обетки ги носеше во видеото за песната „If I were a boy“.

Според фановите кои го забележаа овој детаљ , Бијонсе го откри полот на бебињата, односно носи две момчиња.

Дали тоа е навистина така останува да видиме во периодот кој следува.