Со овие снимки Бред Пит може да и го земе старателството на Анџелина Џоли

Холивудскиот актер Бред Пит има компромитирачки материјали против неговата сопруга Анџелина Џоли.

Станува збор за скандалозни аудиозаписи, кои ќе ја спречат актерката да добие целосно старателство врз децата.

“Никој не сака да прави валкани работи , бидејќи тоа е лошо за децата. Но Анџелина и нејзиниот тим, се чини, се опседнати од намерата да го дискредитираат Бред, за да не добие и тој старателство врз децата “, раскажа изворот.

анџелина џоли и бред пит

Иако социјалните служби не најдоа никаков доказ против Бред Пит и ја затворија истрагата, Џоли сака по секоја цена да докаже дека тој го претепувал нивниот син Медокс.

Неодамна стана познато дека Џоли и Пит потпишаа договор според кој засега децата ќе и бидат пренесени на Анџелина.

анџелина џоли и бред пит