Овој човек е неверојатен мамец за змии.
Првпат змија го каснала пред осум години, недалеку од семејната куќа, кога ја згазнал и таа го каснала за десната нога. Последица од ова каснување бил оток на ногата неколку дена.
Втор пат го каснала во ноември следната година кога змиите оделе на зимско спиење. Во близина на неговиот дом имало срушена куќа и штала. Тој се доближил до нив и бил каснат од змија, повторно за ногата. Веднаш бил однесен во болница, но овој пат немало никакви последици.
Трет пат бил каснат на Петровден во 2014 година. Нагзнал на змијата во неговата семејна куќа и таа го каснала за глуждот на десната нога. И овој пат да не била брзата интервенција на лекарите не се знае како сѐ ќе завршело.
Четвртото каснување било во 2016 на лето, кога повторно згазнал на неа, но бидејќи не бил отровна, не му била потребна лекарска помош.
Петтото каснување се случило во април оваа година. Брзата и ефикасна интервенција на лекарите допринела до тоа тој да не се здобие со никакви кобни последици. Тој вели дека се надева дека ова ќе биде крајот на неговите неславни средби со змии.