Четири месеци пред одржувањето, а медиумите и јавноста веќе со возбуда се интересираат за деталите на доделување на престишните филмски награди Оскар.
Најдобрите во филмската индустрија со гордост ќе ги примат познатите статуетки, а веќе е извесно кој ќе ја води манифестацијата.
Станува збор за комичарот Кевин Харт кој овој ангажман го посакувал долги години.
“Долги години ме прашуваат дали некогаш ќе водам Оскар, а мојот одговор секогаш беше ист. Тоа би била животна шанса за мене како комичар и ќе се случи кога ќе треба и кога ќе биде време за тоа. Водењето на Оскар отсекогаш беше моја цел. Сеуште не можам да поверувам дека ќе се приклучам на легендарната листа на водители кои ја краселе сцената на Оскарите. Знам дека мајка ми е до уши насмеана” – изјавил Харт.