Припадничките на понежниот пол најмногу сакаат комплименти кои се однесуваат на нивната убавина, а дури 50% од нив грешно ги толкуваат.
Патот до женското срце се комплиментите, покажува едно истражување.
„Дали си ослабела?“ – е реченицата која жените најмногу сакаат да ја слушнат, открива студијата на британската организација Dental Care Plus спроведена на 2.000 жени.
Иако 43% од жените се „опседнати“ со телесната тежина, секоја четврта жена е најсреќна ако некој ја забележи нејзината блескава насмевка.
Припадничките на понежниот пол од своите партнери најмногу сакаат да слушнат дека убаво мирисаат, имаат преубава коса и убави очи, пренесува Дејли Меил.
Третина од нив од својот партнер сакаат да слушнат дека изгледаат преубаво, а дополнителни бодови ќе добијат ако нагласат дека фустанот им стои совршено.
Дури 50% од жените тешко ги примаат комплиментите, а секоја четврта ги сака само оние кои ги добива од партнерот.
Околу 36% од нив погрешно го сфаќаат комплиментот на партнерот, а една петина од жените, комплиментот дека имаат преубави облини ќе го протолкуваат како да се дебели.
– Истражувањата покажуваат дека жените на ден добиваат по еден комплимент, што не е чудно, затоа што во голем број на случаи тие грешно ги толкуваат, истакнува портпаролот на фирмата која го спроведе истражувањето.
10 најдобри комплименти
„Дали си ослабела?“
„Имаш убава насмевка“
„Мммм…убаво мирисаш“
„Косата ти е преубава“
„Фустанот е како создаден за тебе“
„Оваа боја совршено ти стои“
„Ми се допаѓа твојот нов фустан“
„Имаш преубави очи“
„Витка си“
„Изгледаш едноставно преубаво“
10 најлоши реченици кои жените не сакаат да ги слушнат
„Изгледаш уморно“
„Делуваш лошо“
„Изгледаш добро“
„Си се здебелила?“
„Се повеќе изгледаш како мајка ти“
„Не изгледаш толку лошо колку што мислиш“
„Не си толку глупава колку што изгледаш“
„Денеска не делуваш толку уморно“
„Носот ти е абнормално голем“
„Малку си се проширила?“