Закари Бенер и Карен Ноурс се брачен пар кои заедно со своите две деца веќе седма година бесплатно живеат во стан на Менхетен кој инаку би го плаќале 4.754 долари.
Кога прв пат се вселиле зградата била во изградба, а тие илегално се вселиле во стан.
Но, инвеститорот сега ја довршил цела зграда и од станбена ја пренаменил за деловен простор и галерии.
Сопственикот на станот сега сака да му платат 410.000 долари, колку што пресметал дека му должат или да го напуштат истиот.
Но, тие тврдат дека имаат право да останат во зградата поради малку познатиот закон „Loft Law“, создаден за заштита на луѓето кои „илегално“ живеат во напуштени згради и други индустриски објекти.
На тој начин станарите од таквите згради добиваат исти права како сите станари во неа, односно законот ги штити од иселување.
Сопственикот на станот поднел тужба против брачниот пар, но нивната адвокатка вели дека зградата не е изградена во склоп на одредбите па тој ги нема сите потребни документи и не може да бара кирија или да ги исфрли од станот.