„Паднатиот ангел“: Моделот падна на шоуто на „Victoria’s Secret“

Кинеската манекенка, Минг Кси имаше невиден дебакл на шоуто на „Victoria’s Secret“.

Таа пред својата публика се сопна од наметката и падна на сцената.

Минг со насмевка излезе на пистата, но после неколку чекори падна на подот, а тешката круна само и го отежна станувањето.

Сепак, моделот успеа со насмевка на лицето да се избори со костимот и продожи со шоуто.