Палачинки од тиква и компири

Состојба:

400 гр тиква
350 гр компири
1 јајце
150 гр брашно
20 гр нишесте
зачин
бибер
морско оревче
20 гр семки од сончоглед
20 гр семки од тиква
20 гр маргарин
20 мл масло

Подготовка:

Тиквата и компирите се лупат. Се рендаат на крупно ренде и се мешаат во еден сад. Им се додаваат зачините и јајцето. Се мешаат убаво и се пржат на загреано масло во подлабока тава. Смесата со две лажици се обликува, се става во маслото и малку се гмечи, да се добие облик на мала палачинка или плескавица.
Се пржат додека не добијат крцкава коричка.
Се служат со кисела павлака.

Палачинки од тиква и компири