Паника во Мајами: Парис Хилтон го изгуби вереничкиот прстен вреден 2 милиони

Парис Хилтон на почетокот на оваа година се вереше со своето момче, Крис Зилик.

Запросувањето се случи со прстен вреден 2 милиони долари за време на скијање во Аспен.

Најновите вести поврзани со богатата наследничка кои беа објавени во светските медиуми не се воопшто романтични.

Парис го загубила вереничкиот прстен за време на забава во еден клуб во Мајами.

„Таа играше слободно во клубот кога во еден момент забележа дека и го нема прстенот. Почна да паничи и да тврди дека прстенот и „летнал“ од раката“, велат очевидци.

Откако забележала дека и го нема прстенот обезбедувањето веднаш било известено и сите заедно го пребарале клубот со надеж дека ќе го пронајдат прстенот.

Парис била очајна и почнала да плаче во клубот кога еден од пријателите го забележал прстенот помеѓу ледот на сепарето.

Славната наследничка била пресреќна!