Папата Франциск ќе добие свој профил на Инстаграм во сабота. Желбата на првиот човек на Римокатоличката црква била, профилот да биде отворен на денот кога се навршуваат три години од неговата функција како папа.
Овој потег следува по неговата средба со милијардерот Кевин Систром кој е основач на Инстаграм.
Папата засега има свој профил само на Твитер.