Патниците во градскиот превоз толку често на пат до работа праќаат мејлови, што времето треба да им се брои во работните часови, тврдат научниците од Универзитетот на западна Англија.
Пристапот до безжичен интернет во градските возила и се поголемата употреба на мобилните телефони го продолжиле работниот ден, покажало едно неодамнешно истражување.
Истражувањето, кое анализирало 5.000 патници на градските линии во Лондон откако безжичиот интернет станал подостапен, покажала дека 54 проценти од патниците ја користеле мрежата во градскиот превоз да пратат мејлови за работа, пренесува “BBC”.
Останатите за праќање мејлови ја користеле мрежата на својот телефон.
Оние кои оделе на работа праќале мејлови во врска со работниот ден што ги чека, додека оние кои се враќале дома ја довршувале својата работа.
Истражувањето исто така покажало дека подобрата интернет врска влијаела на тоа да се продолжат работните часови и повеќе луѓе да ги користат лаптопите и телефоните за да работат додека се во градскиот превоз.
Истражувањето го поставува прашањето за рамнотежата меѓу работата и приватниот живот и дали е здраво да се продолжува работниот ден, со оглед на тоа дека луѓето сега рутински одговараат на мејлови надвор од работното време.
И најважно – ако патот до работа стане дел од таа работа, зарем не би требало да се признае во работно време, се прашуваат англиските научници.