Печен карфиол со лук

Состојки:

2 лажици сечкан лук
2 лажици маслиново масло
1 карфиол, пресечен на помали парчиња
1/3 шолја рeндан пармезан
Сол и бибер
1 супена лажица свежо исечкан магдонос

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени и намачкајте голема тава за печење со масло. Во кеса за готвење ставете го карфиолот, лукот и маслиновото масло. Протресете ја кесата за да ја измешате смесата, а потоа додадете сол и бибер по желба. Префрлете го карфиолот во тавата и печете околу 25 минути. Отворете ја кесата и додадете ги пармезанот и магдоносот и печете уште 5 минути.

Печен карфиол со лук