Печен лосос во фолија

Состојки:

4 филети лосос
4 супени лажици маслиново масло
3 домати, исечкани
2 млади кромиди, исечкани
2 супени лажици цеден сок од лимон
1 лажичка оригано
1 лажичка мајчина душица
Сол и бибер

Подготвка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте го лососот со 2 лажици маслиново масло и малку сол и бибер. Во блендер ставете ги доматите, кромидот, 2 супени лажици маслиново, сокот од лимон, ориганото, мајчината душица, сол и бибер.
Ставете ги четирите парчиња лосос во четири посебни фолии. Страната со маслото нека биде свртена надоле. Поливајте ги со сосот од блендерот и потоа затворете ја фолијата.
Ставете ги лососите во фолија, во голема тава за печење, и печете околу 25 минути.

лосос