Кралицата на есента овие денови се користи како вкусно јадење.
Едно од наједноставните начини на подготовка на тиква е печење во рерна.
Кај печењето на тиква нема преголема мудрост, се работи за наједноставен рецепт за кој ви е потребно само малку време.
Сами по желба можете да го одредите вкусот на печената тиква која најчесто се подготвува во слатка или солена варијанта, чиј вкус го одредуваат зачините.
Ѓумбирот, лукот, лутите пиперки одлично се согласуваат со слаткиот вкус на тиквата, додека нејзини идеални партнери во слатката варијанта се циметот, јаворовиот сируп, ванилата и румот.
Состојки:
– Половина тиква, маслиново масло, зачини по желба без разлика дали сакате слатка или солена варијанта.
Подготовка:
1. Тиквата исечете ја на половина и исчистете ја од семките за да го добиете само месестиот дел. Со нож исечете ја на парчиња со еднаква дебелина. Ова е важно за тиквата рамномерно да се испече.
2. Парчињата тиква наредете ги во замастена тава, малку попрскајте ги со маслоново масло и добро намачкајте ги. На секое парче ставете од зачинот кој сте го одбрале. За солена варијанта можете да подготвите смеса од лук, малку ѓумбир, слатка пиперка и сол. Смесата е доволно само да ја налеете по надворешната страна од замастената тиква.
3. Подготвената тиква печете на на 10 степени околу 45 минути, послужете ја топла.