Печено мевце во куфер, а не е на Балканец! (фото)

Несекојдневен настан се случил на аеродромот во Атланта, пренесуваат тамошните медиуми.

Полицискиот пес Харди, полициски и царински службеници на аеродромот во Атланта заплениле цело печено прасе спакувано во куфер.

Багажот му припаѓал на маж од Еквадор.

Кога полицајците му наредиле на човекот да го отвори куферот имале што да видат – печено прасенце спакувано во алуминиумска фолија.

Прасето е фрлено, од причина што во САД не е дозволено да се внесува прасечко месо и свински преработки поради превенција од свинска чума.