Состојки:
6 компири
250 гр мелено месо
1/2 шоља ориз
1 црвен кромид
1 морков
сув зачин
бибер
сецкани домати
1 лажица пире од домати
Подготовка:
Издинстајте ги сецканите моркови, додадете го месото, биберот и зачинот. Откако месото ќе се издинста, додадете ги сецканите домати и пирето од домати. Излупете ги компирите и исечете ги на кришки. Во огноотпорен сад наредете ред компири, ред ориз. Ставете сол. Одозгора ставете го издинстаното месо со кромид и морков, па врз него уште еден ред компири. Полиете со вода, така што водата ќе ги покрие компирите. Покриете со фолија и ставете во рерна да се пече околу 20 минути на 200 степени.