Иако многумина претпоставуваа дека ликот на Донатела Версаче во третата сезона на „American Crime Story“, ќе ѝ припадне на Лејди Гага, сепак, тоа ќе биде Пенелопе Круз.
Информацијата денес ја потврди студиото „FX“, а приказната за смртта на еден од најпознатите модни дизајнери ќе ја гледаме во 2018 година.
Во епизодите ќе биде прикажан хронолошкиот распоред на настаните од 1997 година, кога Версаче е убиен во неговиот дом во Мајами Бич.
Имено, втората сезона, која исто така ќе се емитува во 2018 година, ќе биде посветена на последиците од ураганот „Катрина“, додека четвртата ќе ја разврзе аферата на Бил Клинтон и Моника Левински.