Пешачењето е половина здравје!

Практикувајте дневно пешачење од триесетина минути, и ќе имате многу корист за вашето здравје!

1. Ќе согорите околу 150 калории

Зависно од теренот и брзината на одењето, одејќи половина час согорувате околу 150 калории.

2. Ќе се чувствувате смирено и опуштено

Одењето опушта, дури и ако не сте во природа, туку на прометните и бучни улици.

3. Нозете ќе ви бидат поцврсти

Само 30 минути одење дневно има одличен ефект во формирањето на мускулите. Доколку пак покрај секојдневните прошетки практикувате и два пати неделно тренинг во сала, ќе забележите уште подобри резултати.

4. Ќе го подобрите системот за варење

После оброк избегнувајте да седите пред телевизор или да одмарате. Прошетката ќе го забрза вашиот систем за варење и ќе го одржи шеќерот во нормалната граница.

5.Ќе имате подобар сон

Пешачењето придонесува до поопуштено и подобро спиење. Активирањето на мускулните групи со лесна активност како пешачење дорпинесува до полесно заспивање.