Пет симптоми дека вашиот компјутер има вирус!

Ова е листа на најчестите симптоми на „инфицирање“ со компјутерот со вирус:

Забавено работење на компјутерот:
ова вклучува забавено подигнување и гасење на системот, бавно отворање на програма и забавено сурфање на интернет.

Проблеми со програмите:
ова подразбира потешкотии со отворање и затворање на апликација, што како последица се јавува намалена брзина и перформансите на компјутерот.

Проблеми со интернет врската:
проблеми со конектирање или пребарување на интернет, отежнат пристап на и-мејл(e-mail), веб-страници и други сервиси, се добар знак дека компјутерот е заразен со вирус.

Пораки за грешки:
честите пораки за грешка, кои се појавуваат во вид на системски поп-ап(pop-up) прозорец, како што се „Unable to Read Hardware“, „Cannot Launch Application“, исто така укажуваат на заразен компјутер со вируси.

„Пукање“ на системот:
компјутерот „инфициран“ со вирус, често се рестартира што резултира со губење на податоците и намалување на продуктивноста.