Пет зборови кои кралското семејство НЕ смее да ги користи

Британското кралско семејство има многу пари, огромен дворец и речиси се што ќе посака, но тоа не значи дека за нив не постојат одредени правила.

Покрај целиот протокол за однесување, во делот за зборување постојат пест збора кои тие НЕ смеат да ги користат.

Звучи чудно, но правила се правила… ова се зборовите:

ПАРДОН

Овој збор „не постои“ во нивниот речник и се смета за неучтиво на некого да му кажете пардон.

Кралското семејство го користи зборот „извинете“.

ТОАЛЕТ

Тие не користат „тоалет“ туку „loo“. Британците си имаат свој збор за тоалет, па кралското семејство се придржува кон овој термин.

ПАРФЕМ

Во Кесингтонската палата сигурно нема да слушнете дека некој ставил „парфем“. И овој збор е забранет, а наместо него се употревува „мирис“ или „scent“.

ЧАЈ

Чајот има голема традиција во британското кралско семејство, но и општо во Британија.

Сепак доколку ја поканите кралицата на чај веројатно таа никогаш нема да се појави.

Во Кесингтонската палата, времето за чај, го нарекуваат „пауза за вечера“ или „supper“.

Пош

Има ли нешто побританско од зборот „пош“. И додека многу британци го користат, кралското семејство не смеее тоа да го прави.

Во овие кругови употребата на зборот „пош“ се смета за помодарство, па наместо овој збор тие употребуваат „паметен“ или „smart“.