Петнаесет минути тресење на студ е еднакво на еден час вежбање?!

Доколку не сакате да посетувате теретана и на тој начин да се ослободувате полека од вишокот килограми, ако ви се допаѓа студот искористете ги овие ладни утра за „тресење“.

Ново истражување покажало дека тресењето од студ може да делува на губење на килограми, како и вежбањето.

Во текот на тресењето, како и при вежбањето, се произведуваат хормони кои стимулираат создавање на т.н. „кафени масти“, кои се добри за согорување на калориите.

Порано се мислело дека вакви масти имаа само бебињата, но научниците ги откриле и кај возрасните, односно оние кои ги имаат повеќе, се послаби.

Околу 50 грама кафена маст, може да согорат 300 калории дневно.

Откриено е дека за 10 до 15 минути тресење, поттикнува исто ниво на слабеење како и еден час вежбање. Токму тие хормони го активираат кафените масти, добрите маснотии во телото со кои се поттикнува согорувањето на калориите.