Пијат ли вашите деца доволно вода?

Водата е неопходна за добро здравје, но ретко кој ја пие во потребните количини.

Сте се запрашале ли дали вашето дете пие доволно вода?

Според некои податоци, повеќе од половина од децата кои живеат во развиените земји не внесуваат доволно вода во текот на денот.

Истражувања спроведени во САД покажале дека едно од четири деца воопшто не пие вода во текот на денот. Ова е шокантен податок, особено ако се знае фактот дека во топли денови лесно може да дојде до дехидрација.

Спрема некои податоци, повеќе од половина од децата кои живеат во развиените земји не пијат доволно вода во текот на денот, а истражувањето се базира на тестирањата на урината на децата и адолесцентите. Едно од четири деца не пијат воопшто вода во текот на денот, покажале истражувања кои се спроведени во САД, што е навистина шокантен податок, посебно ако се знае дека во топлите денови може да дојде лесно до дехидрација.

Колку вода треба да испијат децата?

Децата поголеми од 1-3 години треба да земаат околу четири чаши (250мл) вода дневно, додека децата од  4-8 години треба да пијат пет чаши вода. Кога детето ќе наполни 9 години количеството на водата која треба да ја пие се менува спрема полот. Момчињата на возраст од 9-13 години треба да пијат осум чаши , додека девојчињата на иста возраст седум чаши.

Кај децата не е во потполност развиен механизмот за жед па затоа родителите треба да ги потсетуваат децата дека треба да пијат вода.

Исто како возрасните, децата не ја губат течноста само со мокрење, туку и преку потење и дишење со што се губи течност дури 60% од исфрлената во текот на денот.

Кога детето не пие доволно вода

Благата дехидрација не може да го загрози здравјето, но ако децата континуирано не пијат доволно вода може да дојде до когнитивни проблеми, главоболка па дури и мачнина во потешките случаи. Благ облик на дехидрација кај малите деца вклучува нервоза, ретко мокрење, сува уста и намалено количество на солзи кај бебињата кога плачат.

За доброто на вашите деца, потрудете се редовно со себе да носат вода додека се на училиште или пак играат надвор.

И не заборавајте да ги потсетувате да пијат вода!