Состојки:
4 шницли
1 модар патлиџан
2 лажици ајвар
100гр фета сирење
½ краставица
1 чаша кисело млеко
2 кисели павлаки (100 грамски)
Сол, црн пипер
1 чешне лук
Подготовка:
Модриот патлиџан исечете го на четири листови по должина, од двете страни посолете и оставете ги некое време.
Загрејте малку масло во тава и додадете ги листовите од модриот патлиџан. Испржените домати ставете ги на хартија за да се исцеди маслото.
Истолчете ги шницлите, посолете и додадете црн пипер. Премачкајте ги со ајвар. Фета сирењето исечете го на дебели листови и наредете ги врз месото. На крај прекријте со листовите од модриот патлиџан. Затегнете ги краевите со чепкалка, а потоа пржете во врело масло по 4 минути од двете страни.
Изрендана краставица и истолчен лук додадете во кисело млеко помешано со павлака и помешајте.
Додадете сол, црн пипер и малку шеќер и ќе добиете вкусен сос кој ќе го сервирате со месото.