Состојки:
4 пилешки стека
400 гр. морков
400 мл. млеко
1 лажица брашно
2 лажици путер
сол,вегета
Подготовка:
Стековите сварете ги во вода во која сте додале 1 лажица вегета а потоа на малку путер пропржете ги да добијат убава портокалова крцкава коричка.
Морковите изрендајте ги на крупно ренде и на тивок оган динстајте ги околу половина час со 400 мл млеко. Додадете го путерот и 1 лажица брашно разматена со малку ладно млеко (за да не ви се направат грутки), посолете и додадете вегета и малку црн бибер.
Сервирајте ги пржените стекови прелиени со варивото од моркови.