Пилешко со тиквици

Состојки:

500 гр пилешко филе
3 тиквици
Малку рендан ѓумбир
Сол, бибер, вегета
Малку масло
1 лажица пченкарно брашно
100 мл вода

Подготовка:

Исечкајте го пилешкото на лентички, посипете го со пченкарно брашно и промешајте.
Додадете го месото во тава со загреано масло. Додадете ги зачините и пржете додека месото не добие малку боја.
Кога месото е готово, извадете го и ставете го во чинија.
Тиквичките исечкајте ги на кругови и пропржете ги во истото масло во кое го пржевте пилешкото. Додадете го изренданиот ѓумбир. Додадете малку сол и динстајте.
Вратете го местото во тавата со тиквичките , додадете вода и крчкајте уште 5 минути на тивок оган.

пилешко со тиквици