Пилешко со цимет на грчки начин

Состојки:

1 пиле (пресечено на 8 парчиња)
1 лажичка цимет
2 лажички сол
1 лажичка црн пипер
5 чешниња лук
1 кромид
2 лажици маслиново масло
2 чаши вода
1 конзерва доматно пире
1 лажичка мајоран
500 гр. тарана
200 гр. Пармезан

Подготовка:

Во тенџере на оган сварете ја тараната во солена вода.
Парчињата пилешко месо зачинете ги со претходно подготвената смеса од цимет, сол и пипер. Во тавче со загреано масло на оган, испржете ги парчињата пилешко се додека не поруменат (околу 4-5 минути од една страна).
Откако ќе се испече месото, извадете го од тавата и ставете го во посебна чинија. Во истото тавче додајте три ситно исецкани чешниња лук и ситно исецканиот кромид.

Пропржете околу 3 минути на средна температура, па додајте половина чаша вода. Со лажица за готвење изгребете ја површината од дното на тавата и оставете водата да испари. Потоа додајте ја преостанатата вода, доматното пире, мајоранот, преостанатите две чешниња ситно сецкан лук и наросете сол и црн пипер.
Оставете ја смесата да врие околу 2 минути, па повторно вратете го пилешкото во тавата. Покријте ја тавата со капак и оставете да се динста 30-40 минути на тивок оган. Доколку сосот премногу се згусне, додадете врела вода.
Откако пилешкото месо ќе се издинста, на чинија за сервирање ставете ги претходно подготвените тестенини и врз нив наредете ги парчињата месо, па со лажица полијте ги со сосот од тавата. Наросете пармезан.

пилешко со цимет