Состојки:
600гр пилешки стек
1 главица кромид
Сол
Бибер
Вегета
Малку магдонос
250 мл сос од домати
4 лажици лут сос ( оваа состојка не е задолжителна)
Подготовка:
На кругови исечканиот кромид пропржете го па додадете го ситно сечканото месо. Додадете ги зачините и промешајте.
Полејте со малку вода и динстајте на тивок оган.
Кога течноста ќе испари, додадете го сосот од домати, лутиот сос и магдоносот.
Доколку е прегусто, додадете 4-5 лажици вода.
Промешајте, прокрчкајте уште кратко на оган и тргнете го јадењето од рерна.
Сервирајте со тестенина, компир или ориз.