Пица кифлички

Состојки:

Тесто (за околу 50 парчиња)
1,125 кг брашно
1 свеж квасец
1 шоља (250 мл) топла вода
1 шоља ладно млеко
180 мл масло
1/2 кесичка прашок за пециво
1 лажичка шекер
1 лажичка сол

Фил:

(мерките и состојките се според желба)

благ кечап
кисели краставички
фета
шунка
оригано
За премачкување:

2 жолчки
сусам

Подготовка:

Квасецот се става во топлата вода и му се додаваат 1 лажичка шекер и 1 лажичка брашно. Додека квасецот стасува, во брашното се меша со сол, прашокот за пециво, 1 лажичка шекер. Потоа се додава стасаниот квасец, млекото и маслото . Се меси убаво додека тестото не стане мазно. Се покрива со крпа и се остава на топло место додека не нарасне дупло. (најмалку 1 час)

Додека тестото стасува, се прави филот. Се рендаат киселите краставички и шунката, а фетата се пасира. Се додава оригано и убаво се меша.

Нараснатото тесто се кине и се прават топчиња. Од секое топче со сукало се прави кора и на секоја кора на средината се става малку кечап и врз него малку фил. Тестото се витка како сарма, прво краевите, а потоа во ролат. Се редат во плех врз хартија за печење.
Секогаш крајот на кифличката се става од долната страна, така се избегнува отварање на тестото.

Наредените кифлички се премачкуваат со жолчка и врз нив се посипува сусам . Се печат во загреана рерна, на 200°С, околу 30 мин или додека не добијат убава, златна боја.
Кога ке се испечат се прскаат со вода и се покриваат со крпа, за да омекнат. Така ке останат меки и кога ке се изладат.

пица кифли